Пендаровски: Не можам да разберам зошто Мицкоски предвреме поставува услови кој може да влезе во Влада
Во првата претседателска дебата пред вториот круг на ТВ21, кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски вели дека „не знае зошто Силјановска Давкова прво вели дека се сигурни победници, го знае резултатот пред да заврши бидејќи ќе победат и на претседателски и на парламентарни а условите пред избори ги поставува нејзиниот лидер Мицкоски, кој вели дајте ги гласовите за нашиот кандидат ако сакате да влезете во влада“.
– Значи вели не е добро да се поставуваат услови пред изборите да завршат, условите ги поставува изборниот победник, оној кој на крајот победува и тоа е логиката а не претходно не знам зошто тогаш госпоѓата прво вели дека се сигурни победници со 3:1 го знае резултатот пред да заврши бидејќи ќе победат и на претседателски и на парламентарни а условите пред избори ги поставува нејзиниот лидер Мицкоски, кој вели дајте ги гласовите за нашиот кандидат ако сакате да влезете во влада, вели Пендаровски на ТВ21.