Пендаровски: Силјановска чека добра желба на европските политичари, наместо да направиме што можеме ние за да ги решиме проблемите
„Чувме дека Силјановска не може да зборува во Парламентот за најважното политичко во клучната област за секој претседател. Вели нека тера Парламентот, не можам да знам што ќе прави понатаму Парламентот. Второ, вели ќе чекаме нов Парламент во Брисел и таму ќе има поевропски настроени политичари кои ќе имаат разбирање за една мала држава која со години ја сопнуваат на секој чекор“ рече претседателот Стево Пендаровски на третата претседателска дебата во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Тој додаде дека е само добра желба дек ана некого ќе му текне за нас, наместо обратно, со дипломатско лобирање да им кажеме дека подолу од ова не можеме да одиме.
„Да се инсистира на две тринити час поскоро, за да се зафатиме со најголемите проблеми кои оваа држава ги има“ рече Пендаровски
Тој додаде дека без асистенција од Европската Унија не можеме да ги решиме проблемите со добар резултат.
„За жал, не сме во иста ситуација со Бугарија, ние сме надвор, тие се внатре во ЕУ, како ќе ги убедиме другите да ја исфрлат таа членка и да не примат нас како кандидати затоа што имаме добри аргументи. Тоа е реалната политика. Сурова е меѓународната политика“, потенцираше Пендаровски.