Салиу се сретна со германската амбасадорка Дрекслер

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Роми 2022-2030 Шабан Салиу денеска се сретна со германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер.

На средбата, како што информира Кабинетот на министерот Салиу, германската амбасадорка Дрекслер ја изрази својата загриженост и подготвеност за соработка во насока на подобрување на општата состојба на Ромите, со акцент на домувањето и проблемот со неевидентираните лица во матичната книга на родените.

– Амбасадорката беше запознаена со ингеренциите на Кабинетот и фактичката состојба од имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030. Дискутиравме и за заклучоците од Министеркиот состанок за ромската интеграција 2024, што се одржа во Берлин во организација на германската влада, се наведува во соопштението.

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post