Спасовски: На изборите на 8 мај треба да се одлучи да не се вратат настаните од 27 април 2017 г.
„Многу е важно да разбереме дека овој десничарски режим во тоа време направи удар врз Уставот, државата и демократијата“, рече носителот на СДСМ во втората изборна единица и оцени дека насилниците не може да се нарекуваат уставобранители, да се помилуваат или да им биде простено за стореното
Насилниците кои на денешен ден пред седум години упаднаа во Собранието не може да се нарекуваат уставобранители ниту, пак, да бидат помилувани и да им биде простено за стореното. Ова од пред зградата на Собранието денеска го порача ексминистерот и носител на СДСМ во втората изборна единица Оливер Спасовски, кој нагласи оти она што се случи на 27 април 2017 г. не смее да се заборави или да биде дозволено да се повтори.
„На 27 април 2017 година се случи напад на Собранието, при што имаше план да се убијат пратеници, новинари и стручни служби на Собранието. Насилници коишто беа поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ влегоа да ја остварат оваа цел и затоа не смееме никако да дозволиме насилниците да се нарекуваат уставобранители ниту, пак, да бидат помилувани и да им биде простено за стореното. Многу е важно да разбереме дека овој десничарски режим во тоа време направи удар врз Уставот, државата и демократијата“,
порача Спасовски во денешното обраќање од пред Собранието.
Ваквиот пристап на една политичка партија, оцени Спасовски, може да ја сруши демократијата и слободата на граѓаните и на државата. Повика на масовна излезеност на претстојните избори и глас за СДСМ зашто, како што рече, на 8 мај треба да се одлучи да не се вратат настаните од 27 април.
Настаните од 27 април 2017 г. неретко беа тема на изминатите митинзи на кандидатите за шеф на државата.
Претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, која по првиот круг од изборите е во двојна предност пред кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, во кампањата за претседателските избори истакна дека од позиција на шефица на државата ќе ги помилува осудените од