Студен туш за барањата на Максим Димитриевски – за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
Ароганцијата на СДСМ е ненадминлива, а Ковачевски навреди повќе од 84 илјади граѓани дека се човек-партија. Ова е одоговорот на лидерот на ЗНАМ Максим Димитиревски откако Ковачевски му порача да не се меша во неговата партија и дека ЗНАМ соработува со наследниците на Ванчо Михајлов, како одговор на барањето на Димитиревски за смена на целотот раковдството на СДСМ доколку сакаат соработка.
Димитриевски тврди дека на пикник на 1 мај во Пелинце ги собирал всушност незадоволните членовите на СДСМ.
Пикник за 1 мај правеше и Ковачевски во градскиот парк во Скопје. Не сакаше да го коментира Димитиревски на ваков ден, но затоа на митингот синоќа јасно му одговори дека услови од ЗНАМ не прифаќа.
За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија, СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени. СДСМ не прифаќа условувања и со никого нема да прави политички дилови. Раководството на СДСМ го бираат членовите на СДСМ кои се наследници на НОБ, и на АСНОМ и на Киро Глигоров, а не на вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов.
Но, Димириевски вчера имаше барања и кон ВМРО-ДПМНЕ: да не влегуваат во разговори со крилото на Заев. За Мицкоски ваквите тврдења се глупости, а побвараа Димитриевски да покаже дека не е тројански коњ на власта.