Филипче: Пратениците на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните во парламентот
Доктор Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кампањата ја заврши со посета на југоисточна Македонија.
Доктор Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кампањата ја заврши со посета на југоисточна Македонија. За време на посетата оствари средби со многу граѓани на кои им се заблагодари за поддршката во Изборна единица 4.
Филипче им порача на граѓаните на 8 мај да го дадат својот глас за напредок, стабилност и европска иднина на Македонија.
Тој рече дека како иден пратеник заедно со пратеничката група на СДСМ на граѓаните ќе им го олеснат пристапот до законодавниот дом, со отворање на канцеларии каде ќе ги слушаат нивните барања кои ќе се преточат во конкретни политики. Филипче порача дека граѓаните ќе бидат директно вклучени во тие процеси.
Носителот на листата на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4, д-р Венко Филипче на граѓаните им вети дека ќе остане достапен за нив како во кампањата и после изборите, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа.
Филипче истакна дека СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и затоа секогаш ќе работи и ќе биде меѓу граѓаните.
Костадиновска – Стојчевска ги повика граѓаните на обединување и да гласаат за слобода и демократија
Коносителката на изборната листа на СДСМ во петтата единица, Бисера Костадиновска – Стојчевска од митингот во Битола испрати порака за обединување на граѓаните и прогресивните сили на 8 мај.
„Ве повикувам на обединување околу вистинските демократски вредности, околу слободата, стабилноста и понатамошниот прогрес на државата. Сега е време да покаже секој од нас одговорност и мудрост, да се остават на страна сите разлики и поделби и да ја гледаме големата цел, а тоа е каде и како оди државата после 8 мај.
Да гласаме за број 1, за Стево, СДСМ, за НОБ, за АСНОМ! Да ги продолжиме делата на нашите претци со кои делиме исти вредности“ – порача Костадиновска – Стојчевска пред жителите на Битола.
Според неа, вистинските антифашисти се борат за слобода на говор, слобода на делување, слобода на живот. Потсети на големите резултати на СДСМ, со кои партијата со право се нарекува државотворна и граѓанска.„Вистинска социјалдемократија значи кога се носат одлуки кои не се лесни за поединецот, ама се потребни за државата. И кога ќе кажеме дека СДСМ е државотворна партија, дека секогаш државата ни е пред се, тоа го докажавме и покажавме. И ќе продолжиме да го правиме тоа. Затоа што без разлика дали сме на власт или опозиција, секогаш граѓаните ни се на прво место. Ако не ни беа, немаше да зголемуваме плати, немаше да субвенционираме сметки за електрична енергија, немаше да работиме на привлекување на странски инвестиции и да отвараме нови работни места. Да работиме на мерки кои ке ни ги задржат младите дома“- рече Костадиновска – Стојчевска на митигнот во Битола.