#NEVIPE #NVO #Roma ki MK

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на градот Скопје за поекономични форми на загревање – високoефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2025 година

Опис на Јавниот повик
1.1. Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на град Скопје (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои
се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред во 2025 година ќе им ги
надомести трошоците направени при набавка на уредот најмногу до 20.000,00 денари во нето износ по домаќинство. Данокот на личен доход ќе биде на товар на Град Скопје.

1.2. Јавниот повик ќе трае од денот на неговото објавување до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за 2025 година за оваа намена но не
подоцна од 31 Октомври 2025 година, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

1.3. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Град Скопјеза оваа намена, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата веб страна дек Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

1.4. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка.

2. Право на учество на Јавниот повик:

2.1 Право на учество на Јавниот повик имаат жители на градот Скопје (општините: Аеродром,Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и
Сарај), кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на своетодомаќинство (станбен објект) во период од 01.01.2025 година се до завршување на

Јавниот повик ќе поднесат барање за надоместување на трошоците.

2.2 На Јавниот повик имаат право на учество две или повеќе домаќинства кои живеат по
лична карта на иста адреса, исклучиво со приложен доказ дека станува збор за одвоени
домаќинства (сметки за различни броила за електрична енергија или со различен имотен
лист)

Повеќе на следниот линк

https://skopje.gov.mk/media/11581/javen-povik-subvencii-inverter-klima-uredi.pdf