Како да се намали сегрегацијата и дискриминацијата на децата Роми во образовниот процес?
АВАЈА – нова политичка сила во Македонија
Македонската политичка сцена е побогата за уште една партија на Ромите –
АВАЈА. Нејзин претседател е Акиф Кариман, додека за генерален секретар е избран Елвис Мемети. Новата партија е формирана како резултат на верување и одлучност да се покаже дека во политиката има простор за добри и чесни личности. „АВАЈА не се формираше како резултат на фрустрација и очај, туку како резултат на верба и одлучност да покажеме дека политиката може да биде место и за добри и чесни луѓе, која ги крева граѓаните. Тука сме затоа што сакаме да бидеме мост кој ги поврзува граѓаните со структурите на моќ и донесувањето одлуки. АВАЈА е тука за да ја врати моќта кај граѓаните, да им даде глас и можност сите да учествуваат во донесувањето одлуки кои ги засегаат нивните животи“, објаснува Кариман.
Во своето прво обраќање кон јавноста
(https://www.facebook.com/61557070520474/videos/944118567351459/), Кариман вели дека Ромите се силата на Северна Македонија, држава во која политиката оди во погрешен правец. Според него, таа е сведена на лесно давање ветувања и уште полесно нивно неисполнување.
„АВАЈА произлегува како извор на надеж во политички свет кој е сведен на празна реторика. Веќе подолго време ја слушаме и разбираме фрустрацијата и чувството на немоќ кај граѓаните чиишто потреби се игнорирани од структурите на моќ и ние сме тука да го скршиме ѕидот на индиферентноста. Втемелени во столбовите на интегритетот, чесноста, знаењето и колективната моќ, ние сме тука да го предизвикаме статус кво’то. Веруваме дека моќта на интегритетот е вистинскиот пат кон решенија и враќањето на довербата во политиката. Исто така веруваме во трансформативната моќ на знаењето, не како алатка за елитизам, туку како извор на светлина која го осветлува патот за напред на сите нас. И најважно, веруваме во колективната моќ- моќта на граѓаните да се здружат и заедно да остварат извонредни резултати за доброто на сите. Новиот политички субјект до Државната Изборна Комисија достави и листи за учество на парламентарните избори во Република Северна Македонија. Партијата ќе настапи со сопствени кандидати за пратеници во 3, 4, 5 и 6-тата изборна единица.
„Во нашата визија за иднината, чесноста не е само збор – тоа е начин на живот. Иднина во која знаењето е валутата на напредокот, а заедништвото е изворот на нашата моќ. Иднина во која нема да бараме, туку ќе уживаме социјална правда. Иднина во која нема да се плашиме, туку активно ќе придонесеме во управување на државата. Иднина во која нема да се избегнуваме, туку ќе ја славиме различноста. Иднина во која нема да се повлекуваме кога ќе наидеме на пречки, туку ќе вложуваме во нашиот развој за да ги надминеме. Иднина во која се поттикнува и поддржува претприемништвото за колективен просперитет. Иднина во која сме рамо до рамо со земјите членки на ЕУ и им демонстрираме дека можеме“, заврши Кариман.
Ново изгрејсонце кое ќе го осветли денот за сите Роми кои живеат во нашата држава. AVAJA е тука
за да не одиме по погрешниот пат. Целиме кон успех и подобро утре. За доброто на Ромите, За
доброто на Македонија!, се вели во соопштението до медиуми испратено од AVAJA