Активности на коалицијата „Храбро за Македонија“

Не смее да се дозволи промена на Уставот под уцени и притисоци-порача првиот човек на ИНТЕГРА.

„Пред да го дадете својот глас и својата доверба на 8-ми мај длабоко да размислите кому ќе ја дадете таа доверба“, рече Љупчо Ристовски на собирот на граѓани во Куманово. Тој изрази сомневање дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и партијата ЗНАМ кои како што рече, најавуваат постизборна коалиција, подготвуваат промена на Уставот во рок од шест месеци. Според Ристовски дел од нивниот договор е и прифаќање на барањето на албанскиот корпус партии за бришење на 20 проценти од Законот за јазиците. Доколку е тоа точно – смета претседателот на ИНТЕГРА тоа би значело згаснување на унитарниот карактер на Македонија. „Ако 20% јазик кој што го говори малцинска етничка заедница го нема во уставната одредба тоа значи дека веќе имате двојазична Македонија“, вели Ристовски

„Ние како ИНТЕГРА македонска конзервативна партија како дел од Коалицијата „Храбро за Македонија“ на ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР имаме јасен, јавен и експлицитен став дека не смее да има ниту педа поместување од оската на којашто стои Уставот на Република Македонија, а тоа е државотворноста на македонскиот народ, унитарниот карактер на македонската држава и македонскиот народ да ја дефинира својата држава како круна на вековна борба за национална слобода и за своја држава. Оттука нашиот став е јасен дека не смее да има промена на Уставот по ниту едни уцени, закани и притисоци и потреба да се дојде на власт по секоја цена. Потребно е сите притисоци од екстремизмите од албанската опозиција да се стават на страна и да се пружи силен отпор во дадениов момент“, рече Ристовски.

Тој додаде дека Коалиција „Храбро за Македонија“ е со став дека целиот македонски идентитетски корпус по сите црвени линии на македонскиот национален интерес во татковината Македонија мора да бидат затворени еднаш засекогаш и тоа да биде оската на којашто ќе се движат преговорите со Европската унија. Ристовски се наврати и на Илинденскиот период како потврда за вековната борба на македонскиот народ, притоа ветувајќи дека доколку граѓаните им ја дадат поддршката на Коалицијата „Храбро за Македонија“, тие ќе бидат бастионот за одбрана на македонските интереси.

Related post