October 5, 2026
LIVEВО ЖИВО — Следете ги најновите информации и реакции

Артан Груби се појави со куфер на прес конференција и побара оставка од Меџити и Ганиу

Артан Груби од ДУИ денеска на прес-конференцијата пред општина Чаир се појави со куфер. Тој и порача на албанската опозиција во него да ги депонираат оставките. „Сега земете го куферот и одете дома. Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но како што рече и Скендер Реџепи-Зејди, нека си го одржат зборот еднаш […]

FacebookXWhatsApp

Артан Груби од ДУИ денеска на прес-конференцијата пред општина Чаир се појави со куфер. Тој и порача на албанската опозиција во него да ги депонираат оставките.

„Сега земете го куферот и одете дома. Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но како што рече и Скендер Реџепи-Зејди, нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка како што кажаа, нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека го земат овој куфер, ние им оставаме бакшиш и нека си одат дома“ – рече Груби.

Сепак, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу му врати и му порача дека д-р Арбен (Таравари) ќе му ја препише терапијата.

Тој на Фејсбук му порача:

„Артан, терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај“.