(ВИДЕО) Решени 526 човечки судбини, ги немаше никаде, немаа ниту еден документ!

Со измените на Законот за матична евиденција ги решивме животните прашања на околу 526 човечки судбини, за кои досега е извршен упис во матичната книга на родените на 409 лица, а другите 117 лица ќе бидат впишани до крајот на годината, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

На денешниот настан по повод доделување изводи на лица кои не биле досега евидентирани во матичната книга на родените, премиерот истакна дека овие проблеми се веќе минато.

-Овие наши граѓани немаа документи за идентификација, не можеа да се лекуваат, ниту да се вработат, не можеа да склучат брак, ниту пак да го регулираат статусот на нивните деца. Едноставно ги немаше во системот на државата. Овие проблеми се веќе минато. Со измените на Законот за матична евиденција ги решивме животните прашања на многу наши граѓани, рече премиерот.

На настанот присуствуваат и министерот на правда, Кренар Лога, директорот на Управата за водење на матични книги, Емир Сулејмани и претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска.

Инаку. најголема бројка на неевидентирани лица ви Северна Македонија се припадници на Ромска националност. Со добивање на статус евидентиран лица системски ки добиваат сите права  во нашата земја.

На настанот присуствуваа и пратеничката Љатифа Шиковска како и генералниот секретар во Министерството за Правда  Мухамед Точи со кои се иницијатори за донесувањето на измените на Законот за матична евиденција. Со кои им се даде рамноправна можност на лицата бездржавјанства да бидат  дел од системско решение.

Related post