Видео: Самка Ибраимовски- Должничкото ропство треба да престане
Ана Глигорова: – Дојдовме во Кичево во текот на нашата кампања која се базира на една интерна петиција што ја правиме, а се вика „Стоп за извршители, стоп за кеш кредити“. Сметаме дека должничкото ропство ја уништува Македонија, го уништува граѓанството, народот, работничката класа. Овој град Кичево е уништен, еве можам да спомнам една извршителка има најголем број на кривични пријави на Балканот токму поради незаконито извршување.
Токму поради тоа дојдовме, имаме доста потписи и се надеваме дека ќе имаме уште повеќе.
Самка Ибраимоски: – Почитувани граѓани на Кичево, денеска јас како носител на изборната единица пет дојдов тоа што го ветив дека ќе дојдам и тоа што го ветив дека ќе се борам против извршителите, противтоа што Законот што е донесен не го почитуваат. Денеска дојдов, иако времето е како што го гледате и снег и дожд, сѐ имаше, ладно беше, но ние дојдовме заедно со Ана тука да ве испочитуваме, да разговараме, да кажеме дека должничкото ропство треба да престане и како кандидат од изборна единица пет им кажувам на сите граѓани на Кичево да го заокружат бројот три ако сакаат да застанеме на патот на злосторничкото здружение на извршителите и олигарсите.