Видео: Фоклор и традиција на Ромите преку мултидименизонирани записи
Проектот е реалзииаран односно снимањата на серијалот на епизоди за проектот Фоклор и традиција на Ромите преку мултидименизонирани записи кој е единствено културно ромско дигитално богаство на Ромите во Скопје и Р Северна Македонија.
Реализацјата на проектот се одвивање во периодот од 1 Октомври 2024 до 15 Ноември 2024 истит е снимен во импровизирано студио во библиотеката позајмена од СУГС Шаоп Јусуф од Шуто Оризари како автетично место за презентирање и снимање на овие епизоди од серијалот на проектот Фоклор и традиција на Ромите преку мултидименизонирани записи.
Реализирани се 5 теми кои се всушност темелите на зачувување на традицијата и културата како и фоклорот на ромската заедница во Скопје.
Идеја да се дојде до реализација на ова видео записи се слабите зачувани документи односно архивирање на овие вредности во едно место за промоција на културните вредности како за истражување на идните експерти по етнологија за ромската заедница.
Со дистрибуцијата на епизодите преку социјалните медиуми повеќето млади се запознаа со своите корени како и фоклор традиција и индетитет јазик и култура. Со проектот се добива нова дигитална форма на зачувување на индетитет и современо архивирање на културните вредности на една заедница во овј случај ромската заедница.
Наратор на видео записите како и автор на изворните информации е м-р Даниел Петровски кој на специфичен уникат и препознатлив стил ги презентира наодите како и изворните информации за за секоја тема одлено со чист Македонски јазик за поголема заинтересираност на сите засегнати страни во општеството за значењето и зачувување на индетитет традиција и култура на ромската заедница во Р Северна Македонија.
во исто време преку овие видео записи на сите граѓани да им се пренесе важноста на богатата култура и историја на ромската заедница какои нејзината препознатливост и образование за сите етнички заедници во Р Северна Македонија.
Снимање, видео продуцијата како и пост продукцијата околу реализацијата на проектот се направени од носителот на проектот и автор Сали Мемед.
Како аниматор на видео записите односно монтажа ја направи Муарем Рамадан. Реализарни се 5 епизоди од серијалот, односно видео записи со 5 различни теми.
ТЕМА I : РОМИТЕ КАКО НАЦИЈА БЕЗ ТЕРИТОРИЈА – Историја, култура и современост во Европа и Северна Македонија
ТЕМА II : ИСТОРИЈА НА РОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И НАСЕЛБАТА ШУТО ОРИЗАРИ
ТЕМА III: РОМСКИ ЕТНОГРАФСКИ ГРУПИ
ТЕМА IV: ОБРЕДНОСТА ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИКОТ ЃУРЃОВДЕН / ЕРДЕЛЕЗИ ВО МИНАТОТО И СЕГАШНОСТА
ТЕМА V: СВАДБАТА КАЈ РОМИТЕ ВО СКОПЈЕ КАКО ОБРЕДЕН КОМПЛЕКС НА ИНИЦИЈАЦИЈА
Погледнете ги видеата од серијалот Фоклор и традиција на Ромите преку мултидименизонирани записи
Проектот е финасиран од Министерство за култура и туризам во рамки на годишната програма од конкурсот за национален интерес во културата за 2024 година.