Видео- Јакимовски: Мора да се ослободат 83 илјади семејства од енормно високите сметки
Она за кое што ќе се залагаме во парламентот е да се регурлира статусот на училишните спортски клубови кои што се задолжителни спрема министерството за образование и наука, но се оставени сами на себе.
Училишните спортски клубови се многу битни за раниот раст и развој на нашите деца почнувајќи од предучилишната возраст од оделенската настава и предметната настава. Имено во сите училишта е потребно да постојат училишни спортски клубови меѓутоа никој нив не ги финансира.
Немаат ресурси, немаат опрема, оставени се самите на себе. Со следните законски измени ќе се залагаме да тие бидат вклопени и финансирани од буџетот на нашата држава, изјави кандидатката за пратени и носител НА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 1 од коалицијата ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА др.Добрила Андоновска.
Истиот тој Закон е обжален на Уставен суд и уставниот суд ја отфрли иницијативата што значи дека одговорноста за непримена на законот е токму на министерството за правда и во исто време претседателот на државата мора да инсистира да се примени Законот, односно да се ослобат 83 илјади семејства од енормно високи сметки, односно нивните сметки се блокирани за ситни долгови од 3-4 или 5 илјади денари и истите долгови со камати се направени да бидат по 150 или 200 илјади денари.
Знаете ли што значи за еден примател на социјална помош или на некој пензионер кој има 15 илјади денари, што значи 150 илјади до 200 илјади денари. Тоа е цела планина за него и затоа сметам дека како општество, дали се законите добри или не, тоа не смее никој да го коментира туку напротив законите сме должни сите да ги спроведуваме, а пред се на тоа мора да инсистира министерот за правда и претседателот на државата, изјави кандидатот за престсеател Стевчо Јакимовски