ВМРО – ДПМНЕ впери прст кон ДУИ за изборни неправилности во вториот круг

ВМРО – ДПМНЕ впери прст кон ДУИ  и го обвини дека подготвува изборни неправилности во вториот круг и полнење на гласачки кутии за што се информирани МВР и меѓународните набљудувачи. Мицкоски тврди дека политичари и полицајци блиски до ДУИ вршат притисок врз гласачите. СДСМ ќе има подобар резултат во вториот круг дециден е Бојан Маричиќ кој ги обвини ЗНАМ дека му помагаат на политичкиот опонент да победи на изборите и да ја состави новата Влада

 

Кој ќе оди во опозиција, кој е кочничар на европските интеграции и чија партија е наменски создадена за да го ослаби јадрото се дел од пораките кои денес ги разменија политичарите од власта и опозицијата. ДУИ ќе оди во опозиција е ставот на ВМРО – ДПМНЕ, ќе имаме подобар резултат отколку во првиот круг на претседателските избори порачаа од СДСМ.

Од ВМРО – ДПМНЕ соопштија дека очекуваат изборни нерегуларности на 8 мај зад кои ќе стои ДУИ и затоа е алармирана полицијата и меѓународната заедница. Како критични места ги посочуваат Сарај, Арачиново и Липково каде според нив се полнеле кутии а на едно гласачко место беше и поништено гласањето. Мицкоски ги обвини ДУИ дека со уцени и притисоци се обидуваат да го подобрат резултатот од првиот круг. Тој додаде дека ако ја формира идната Влада ќе се истражуваат наводите за криминал и корупција како што бил случајот со спортските ваучери и дека токму криминалот и корупцијата биле кочницата на евроинтеграциските процеси.

СДСМ ќе има подобар резултат од оној во првиот круг од претседателските избори, а анализа ќе има по изборите за причините и последиците како по партијата така и по државата. Дали ќе одат во опозиција или не ќе кажат граѓаните вели Бојан Маричиќ и додава дека СДСМ ќе има силна и конструктивна пратеничка група во Собранието и ќе биде гаранција за продолжување на европските интеграции. Откако го одбија ултиматумот од ЗНАМ за оставка на раководството, од СДСМ со обвинување дека таа партија одработува за туѓи интереси.

Заменик претседателот на СДСМ, Сања Лукаревска, кажа дека партијата засилено работи на терен каде имаат средби со граѓаните каде ги слушаат нивните идеи предлози и добронамерни критики што ќе се преточи во подобар резултат во вториот круг.

Related post