Вчера невреме и штети во Тетовско, Скопско и Кумановско, изгаснати 9 пожари на отворено

На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК биле добиени повеќе пријави од Тетовско, Скопско и Кумановско за поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови, оштетени куќи, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, оштетени автомобили…
Според УХМР и денеска и утре времето ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со пороен дожд и грмежи. Утре на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.






































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































