Депај: Поразот од Баерн беше разочарувачки, ама Барса ќе се бори за сите титули
Каталонците секако дека се разочарани од резултатот како и од целото издание, но според Мемфис Депај ова е пораз од кој мора да научат затоа што верува дека екипата поседува квалитет за да биде во игра за сите титули во оваа сезона.
-Резултатот против Баерн очигледно беше разочарувачки. Мораме да учиме од поразот и сите да се движиме во иста насока за да ги свртиме работите. Цврсто верувам дека ќе најдеме начин да се бориме за сите титули оваа сезона. Ние сме Барселона и сакам да му помогнам на клубот да ги смени работите, -вели Холанѓанецот кој допрва го очекува најдоброто и од себеси.
-Добро започнав. Но, морам да продолжам. Мислам дека не сум достигнал врвот. Се чувствувам добро, во форма. Сакам да продолжам да напредувам. Сакам да продолжувам да постигнувам погодоци и да асистирам, -порача деветката на Барселона.