„Европскиот фронт“ одржа симулациска седница на новото Собрание, функциите ги поделија меѓу себе
На првиот ден од кампањата за паралемнтарните избори, „Европскиот фронт“, на чие чело е ДУИ, направи симулација на конститутивната седница на новото Собрание.
„Нашата земја треба да се стреми кон мир со сите земји од регионот, да се стреми кон промена на Уставот и инкорпорирањето на малите заедници кои живеат во оваа земја како уставна категорија што би имало значајно влијание. Затоа едногласно ја поддржуваме измената на Уставот, поддржуваме по пет години актуелниот претседател да покрене иницијатива шефот на државата да биде избран во Собранието, бидејќи тоа е директен одраз на застапеноста на граѓаните во највисокото законодавно тело.
Беше извршена верификација на мандатите на пратениците, потоа Зијадин Села беше избран за претседател на Собранието, како двајца заменици Фатима Османовска и Бејџан Иљаз.
Се разбира, тие функции им припаднаа на кандидатите од „Европскиот фронт“.
По изборот на Зијадин Села за претседател на Собранието, како трета точка на дневниот ред, се предлагаат уставните амандмани со кои бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот народ ќе станат дел од Уставот.
Четврта точка на дневниот ред беше свечената декларација на претседателот на Републиката, а тоа беше Бујар Османи. После тоа оваа фантомска седница на Собранието заврши.