Жителите на Шуто Оризари излегуваат на протест: Се жалат на долгото чекање автобус!
Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, за петок (22 ноември) најави протест пред Град Скопје поради проблемите со јавниот превоз. Проблемот се состои во долгото чекање на автобуските станици, што особено ги погодува децата, жените и пензионерите.
Тој ги повика сите граѓани на Скопје, без оглед на етничката припадност, да се приклучат на мирниот протест, бидејќи проблемот го засега целиот град. Дудуш очекува дека протестот ќе поттикне надлежните институции да преземат мерки за подобрување на јавниот превоз.
Жителите на Шуто Оризари, особено во последниве студени недели, се соочуваат со големи проблеми при транспортот, што ги принудува да бараат скапи алтернативи како такси, што значително го оптоварува нивниот буџет.