Завршна конференција на проектот „БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“

Завршната конференција на проектот „БАИР-Здружена Акција на Битола за вклучување на Роми” ќе се одржи денеска во Офицерски дом – Битола, на која ќе биде промовирано видео за презентација на резултатите од проектот, а ќе се одржи и панел дискусија на тема „Предизвици и перспективи на Баир”.

Воведни обраќања ќе имаат претставници од Делегација на ЕУ, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, Сузана Стијовиќ-координаторка за Западен Балкан во НВО ЦОСВ и Лидија Ангелкова од Преда Плус Фондација.

-Завршната конференција на проектот „БАИР-здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“ е кулминација на заедничките напори и посветените иницијативи на проектните партнери и соработници.

Оваа конференција има за цел да ги презентира резултатите од активностите спроведени во рамки на проектот со цел поттикнување на социо-економска инклузија во населба Баир.

На конференцијата, експерти од релевантни области ќе зборуваат од свој аспект и искуство и ќе понудат други перспективи, стои во соопштението.

Проектот “БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Роми”, е финансиран од ЕУ, а е реализиран од ЦОСВ, Преда Плус Фондација и Општина Битола. вг/мд/Фото: Проект Баир .

Related post