Започнува попишувањето на одделни категории на лица
Денес започнува попишувањето на одделни категории на лица за да се обезбеди подобар опфат и квалитет на податоците за одделни категории население.
Во периодот од 1 до 15 март, Државниот завод за статистика ќе спроведе попишување на следниве категории на лица:
- Лицата што за време на Пописот се наоѓаат во служба на Армијата на Република Северна Македонија, во државата или во странство
- Лицата што за време на Пописот се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови
- Лицата на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства што престојуваат заедно со нив
- Лицата бездомници
Од 1 март до 21 април ќе се спроведе и самопопишување на лицата што за време на Пописот се наоѓаат во странство, преку апликацијата за самопопишување која од денес е достапна на следниве линкови:
Ги покануваме медиумите да бидат дел од овој процес на претходно попишување со цел навремено и соодветно информирање на граѓаните, велат од Државниот завод за статистика.