Зидан: Нема да биде лесно вечерва, но Реал е Реал
Поранешниот играч и тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека натпреварите Реал против Баерн Минхен се „европско класико“.
Германскиот гигант вечерва го пречекува кралскиот клуб во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу двете страни. Реваншот ќе се игра на 8 мај во главниот град на Шпанија.
Натпреварите кои ги имавме со Баерн во минатото секогаш биле добри. Тоа се натпревари кои секој треба да ги игра бидејќи Баерн е многу конкурентен и многу, многу силен тим. Нема да биде лесно. Овој натпревар има статус на „европско класико“, прокоментира Зидан за „Атлетик“.
Вечерашниот натпревар дефинитивно нема да биде лесен, но Реал Мадрид е Реал Мадрид, додаде поранешниот француски репрезентативец.
Во другиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите во среда навечер во Германија ќе играат Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен