Како да се намали сегрегацијата и дискриминацијата на децата Роми во образовниот процес?
Битола со години наназад не може да се ја искорени образовната сегрегацијата над децата Роми. Состојбата не ја променија ниту две пресуди со кои е потврдена оваа појава во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, едната на Судот за човекови права во Старзбур од 2022 и втората на Граѓанскиот суд во Скопје од август годинава.
И покрај децениските иницијативи и правни пресуди, болната реалност останува. Над половината од децата Роми на возраст од 6 до 15 години се засегнати од образовната сегрегација, вели Фатма Бајрам Аземовска, Здружение за развој на Ромската заедница „Сумнал“.
Во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, постојат чисто етнички паралелки на деца Роми поради одбивање на родителите кои не се од ромска етничка припадност да ги запишат своите деца во училиштето според одлуката за реонизација. Но, од Ѓорѓи Сугарев велат дека образовната сегрегација кај Ромите е поттикната и од другите училишта во градот, кои им ги затвораат вратите на овие деца.
Доколку дојде ученик Ром во друго училиште да се запише во прво одделение, секогаш се упатуваше во Ромското училиште, затоа што ние сме познати во градот како Ромско училиште, а не како еднакво како и останатите, вели Марија Ковачевска, психолог во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.
Од битолската локална самоуправа велат дека и покарј бројните проекти и вложувања со цел да се зголеми атрактивноста на ОУ Ѓорѓи Сугарев, сегрегацијата сѐ уште е присутна.
Од една страна е законската регулатива која кажува за реонизација во образованието во делот на запишување на децата во реонот каде припаѓа, од друга страна е слободата и правото на родитлеите да го запишат детето онаму каде што сакаат. Треба да најдеме нешто помеѓу, вели Тони Коњановски, градоначалник на Битола.
Од МОН очекуваат проблемот да се надмине со измените на Законот за основно и средно образование .
Повеќе на оргиналниот линк