Коалицијата за европска иднинина на собир во Градскиот парк во Скопје

Мојата противкандидатка нема одговор дали ќе го поништуваат Преспанскиот договор, дали ќе го преговараат договорот што го имаме со Брисел и дали имаат намера да влегуваат во уставни промени. Ако граѓаните на 8-ми мај решат да одиме по тој пат, ќе одиме, ама тоа нема да биде пат што ќе води напред, вели кандидатот за претседател од коалицијата за европска иднина, Стево Пендаровски.

Според него, на 8-ми мај се носи одлука дали повторно ќе имаме заробена и изолирана држава или сите ќе имаат еднаква стартна положба без разлика на која партија или етникум припаѓаат. Тој апелираше, граѓаните масовно да излезат на гласање и да дадат придонес за иднината на своето семејство и држава, заокружувајќи број 1.

„Европски пат е единствена опција за суштинска промена во државата“

Важно е на 8-ми мај да има што поголема излезност и поддршка за СДСМ во Собранието, затоа што нема друг начин да го спречиме ВМРО-ДПМНЕ повторно да го инсталира режимот кој долго време се трудевме да го урнеме, рече претседателот на СДСМ и носител во првата изборна единица, Димитар Ковачевски, на собирот во Градскиот парк во Скопје. Тој оцени дека СДСМ мора да биде силен во Собранието за да не им дозволи на ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии, да си играат, како што вели, со европската иднина на државата и да се коцкаат со можностите за подобро и просперитетно општество за новите генерации.

„СДСМ е модерна, прогресивна партија и единствена политичка сила која може да ја однесе Македонија во европската унија. Достоинствено и посветено ќе продолжиме цврсто да чекориме по вистинскиот европски пат, кој е единствена опција за суштинска промена во нашата држава“, истакна кандидатот за пратеник, Димитар Ковачевски.

„Овие парламентарни избори се поразлични од сите досега. Затоа, добро размислете кој заслужува да ја води државата, кој има јасен план и визија за подобра европска иднина за вашите деца и внуци. Знам дека е најлесно да се гласа против. Но, само ако гласаме „за“, можеме да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца и држава во којашто тие ќе сакаат да живеат“, рече на собирот во Градскиот парк, предводникот на коалицијата „За европска иднина“, Димитар Ковачевски.

Related post