Ковачевски: Време е за Европска Македонија, нема откажување

На прагот сме на еден историски подвиг, Македонија да биде земја членка на ЕУ! Ќе се согласите и вие, поминавме многу време во чекалната но исто така ќе се согласите дека време е за Европска Македонија. Затоа, нема откажување од Европскиот пат на земјава, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на митинг на Коалицијата за европска иднина во Тетово.

-На 8-ми мај изборот нема да биде само помеѓу партии и кандидатски листи. Изборот на 8-ми мај е многу посуштински за сите нас како граѓани на оваа држава. Вашиот глас има огромна вредност, рече Ковачевски.

„Јас Димитар Ковачевски, во име на сите мои другарки и другари од СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да го заокружите бројот 1 и да гласате за европска иднина и за Европска Македонија, додаде Ковачевски“ – рече тој.

-СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда и во која има слобода на медиуми и изразување. Затоа велам одиме на победа! Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија! Нема откажување од иднината, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Related post