Мисајловски:Ромите во Шуто Оризари 7 години заборавени од Власта
Носителот на листа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска се сретна со кандидатот за пратеник од огранокот на ВМРО ДПМНЕ Шуто Оризари Ерџан Демир како и коалиционите ромски партии ОПЕ и ДПР. На средбата се разговарше за програмата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и заедничките напори за подобрување на статусот на Ромите во Македонија и во Шуто Оризари воедно присутните граѓани ги споделија своите очекувања и проблеми со кои се соочуваат во претходните години.
„Овие граѓани 7 години беа заборавени од власта за подобрување на нивниот статус затоа, заедно сплотени ќе гласаат за Давкова на 24 април и на 8 мај за најголемата коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ за нивна подобра иднина, порача од Шуто Оризари носителот на листа во изборна единица 2 Владо Мисајловски.