Националниот ромски центар ги мотивираше младите Роми да продолжат со високо образование

Националниот ромски центар организираше онлајн средба на млади Роми кои сакаат да продолжат високо образование на факултетите во државата и надвор од неа, соопштија денеска надлежните од граѓанската организација. Младите кумановци од ромска етничка заедница имаа можност да се информираат и да се поттикнат да го продолжат високото образование преку презентација на практични успеси.

Извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски ги повика младите да го продолжат образованието, да станат успешни граѓани на државата, да изберат образование.

– Оваа држава е богатство на млади Роми интелектуалци. Сите заеднички треба да продолжат со сериозна посветеност да ги мотивираат и да креираат услови за сите, вклучително и Ромите да имаат можност да го продолжат образованието, да се развиваат, да придонесат да ја градат оваа држава. Во оваа време на сеопшта криза Ромите редат успеси со извонредни оценки. Еден од нив е Бурхан Зекир, Ром од Скопје кој успешно го одбрани својот магистерски труд со наслов: на магистерска тема: „Компјутерска анализа на биометриско истражување на Меѓународниот славјански Универзитет, изјави Елезовски.

Како што информираа од НРЦ, пред неколку месеци дипломираше и девојка од ромска етничка заедница од Куманово на доктор по општа медицина на факултетот во Скопје со извонредни оценки.

Елезовски смета дека формулата за успехот на овие студенти е финансиска поддршка, волја, учење, фамилијарно развиено стебло на едуцирани Роми, факултети без присуство на расни и религиски форми на нетолеранција.

– Тој ја продолжи историјата хронолошки, семејно во која има извонредни мајстори на занаети, родител со високо образование и професионален и одговорен судски вештак дипломирал, сестри високо образовани, сопруга биохемиски инженер, кажа Елезовски пред младите Роми.

Магистерот Зекир рече дека успехот го посветува на неговите родители, семејството, на ромскиот интелектуалец кој е починат д-р Бајрам Берат на сите фондации кои го поддржуваат стипендирањето на Ромите, РЕФРЕФ, претходно Сорос, ФООМ, колеги, професори./МИА

Related post