Пендаровски: Мојот концепт е рецепт за успех на државата, се друго е продолжена агонија и враќање во режимот

После првиот круг резултатите ги знаете, а според моето скромно убедување не постои ниту една основа за малодушност, разочараност и анемичност, била каква слабост од било каков тип, затоа што резултатите се такви бидејќи имаше седум кандидати по првпат во македонската историја и гласовите се раширија на повеќе места, рече кандидатот за претседател на владејачката СДСМ Стево Пендаровски на средбата со охриѓани денес во рамки на кампањата пред вториот круг од претседателските избори.

 

Јас сум единствениот од седумте кандидати за претседател кој и порано и денес претендира да зема гласови од сите етнички заедници. Сите други шестмина што беа претендираат да земат гласови само од својата етничка заедница. И логично е кога одите со таков концепт, а овие ќе си ги дадат гласовите кај условно кажано нивните, дека резултатите се такви какви што се. Меѓутоа тие кои отпаднаа, петте кандидати имаат вкупно околу 330 илјади гласови што е огромна бројка сама за себе, потенцираше Пендаровски.

“Мојот концепт за Македонија во која сите сме рамноправни и во која нема делби кои се намерно вештачки продуцирани, е Македонија за која верувам дека сите вие ќе и дадете поддршка на 8-ми мај, бидејќи само тоа е рецептот за успех на државата. Се друго е рецепт за продолжена агонија и враќање во режимот кога еден човек, една фамилија и една партија решаваат за судбината на тогаш 2 милиони сега 1,8 милиони луѓе, истакна”

 

Ние, додаде Пендаровски, никогаш не сме ги кршеле процедурите на демократијата во Парламентот, никогаш не сме биле во сојуз со криминалното подземје, политичкиот полусвет за да ги малтретираме политичките опоненти, ние не монтиравме политички процеси, не нарачувавме по телефони 10-12 години затвор, не прислушкувавме граѓани по дома, на работа…. тие тоа го правеа и истите луѓе сега бараат повторна ваша доверба и не велат дека ќе владеат на поинаков начин.

 

Related post