Повторно расте бројот на заболени од ковид – не очекува ли нов бран?

Епидемиолошката крива зема замав, па за пет дена има 1700 новозаразени и 50 починати.

Иако вакцинацијата и прележаноста го ограничуваат ширењето на вирусот, сепак бројките не се разликуваат многу од истиот период лани. Професорот Трајковски ова го објаснува со присуството за поопасниот делта сој и намалената ефективност на вакцините.

Засега неизвесно е дали епидемиолошката слика од регионот каде состојбата е алармантна ќе се преслика и кај нас. Во Србија болниците се преполни, а само за еден ден има регистрирано без малку 7800 нови случаи, или речиси 2000 повеќе од претходниот ден. Ништо поразлична не е состојбата во Бугарија каде има 6800 нови случаи, 1000 позитивни повеќе од претходното деноноќие.

Related post