Празнување на меѓународниот ден на трудот Први мај
Први мај, уште познат и како Меѓународниот ден на трудот е празник кој се одбележува ширум светот, во чест на борбата на работниците за добивање на основните работнички права.
Во многу земји, Денот на трудот е дури и национален празник, како што е кај нас, сепак оваа празнување најмногу го отпоздравуваат Синдикатите кои секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права.
Во 1886 година, пред 138 години, работниците во градот Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа борба за воспоставување на осумчасовен работен ден.
На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен Први мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.
На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година, на овој датум ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.
Ова им овозможува на организациите да спроведуваат кампањи кои се фокусирани на подобрување на животот на своите вработени, што претставува единствен начин истите да ги задржат.