Промоција на нова поетска книга „Клучевите на рајот“од Ибраим Џемаил
Вчерa во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се оддржа промоција на новата поетска книга „Клучевите на рајот“ издадена двојазично, на ромски со препев на македонски јазик од реномираниот поет, доајенот на ромската поезија, Ибраим Џемаил во издание на Ромски Културен и Медиа Центар “Бариканипе”.
Промотори на настанот беа ромскиот книжевник м-р Мирдита Салиу и писателот, новинар и директор на издавачката куќа „Феникс“, Христо Петрески.
Стиховите од новата книга беа интерпретирани од претседателката на РКМЦ БАРИКАНИПЕ, Џемилиана Абдулова во придружба на музичкиот виртуоз, Бајса Арифовска на виолина.
Им благодариме на љубителите на поетската реч кои и покрај лошите временски услови ја удостоија промоцијата со своето присуство и со бурни аплаузи за безвременското пишано дело на поетот Ибраим кое ќе остане за многу идни генерации во наследство збогатувајќи ја ромската и севкупната македонска книжевна ризница.