СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПЛАТИ ОШТЕТА НА СЕМЕЈСТВАТА НА РОМИТЕ КОИ УМРЕА ВО ЗАТВОР

Брисел, 12 февруари 2021 год:

Владата на Северна Македонија ќе плати вкупно 24.000 евра
на семејствата на двajцa мажи Роми кои умреа под сомнителни околности додека беа во
затвор во 2017 година. Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) затвори два случаи по
постигната спогодба меѓу членови на семејствата и владата.
Андриас Реџепов, 21-годишен Ром, умрел во КПУ Идризово, Скопје на 11 март 2017 година.
Беше известено дека умрел од предозирање со метадон иако не бил зависник од дрога.
Постојат докази дека, во часовите пред неговата смрт, Реџепов бил изложен на тортура.
Неговите родители ќе добијат оштета од 6.000 евра поединечно.
Јусинов Ердал беше 25-годишен маж кој умрел на 22 март 2017 година во затворот КПД Штип
откако, во часовите пред неговата смрт, не му била обезбедена медицинска нега. Јусинов бил
женет и татко на 3-годишно момче и 1-годишно девојче. И во овој случај постојат наводи дека
бил малтретиран од страна на затворските чувари и лекари. Неговата сестра ќе добие оштета
од 12.000 евра.

Овие смртни случаи беа дел од серија на четири сомнителни смртни случаи на затвореници
Роми во период од 9 месеци во 2017 година, во неколку затворски установи ширум Северна
Македонија. Во Северна Македонија, шемата на смртни случаи кои вклучуваат предозирање
со дрога и наводи за малтретирање се одвивала неколку години наназад за којашто ЕЦПР
поведе судски постапки уште во 2010 година.
„Цела Северна Македонија треба да го смета секој од овие трагични смртни случаи како
срам за нивната земја. Ова е трет случај во последните години во којшто ЕЦПР ја тужеше
Северна Македонија и обезбеди илјадници евра како компензација за семејствата на
починатите – и ќе продолжи да ги истражува сите случаи на сомнителна смрт и да
презема правни дејствија ако властите одбиваат да преземат одговорност за нивните
пропусти. Од 2017 година, ваквите грешки ги коштаа македонските даночни обврзници
повеќе од 33.000 евра во исплатени штети, а ЕЦПР има и други случаи кои чекаат
разрешница. Ова треба да биде порака за одговорните дека институционалната
дискриминација е скапа, а ние ќе се осигуриме таа скапо да ве чини “, изјави претседателот
на ЕЦПР Ѓорѓе Јовановиќ.
Иако пријателска спогодба значи дека нема да се донесе пресуда за осуда на надлежните
власти во Северна Македонија, исплатата на оштета во ваков износ во одредена мера ја
адресира сериозноста на човековите права што беа повредени и може да се смета како
премолчено признание на вина од страна на Владата на Северна Македонија.
Случајот на EЦПР во врска со сомнителната смрт на друг Ром, 39-годишниот Беким Демир, сè
уште чека разрешница пред ЕСЧП.
Владата има три месеци да ги исплати средствата на тужителите од датумот на
комуникацијата на ЕЦПР за случаите Реџепови против С. Македонија и Јусинова против С.
Македонија.
За повеќе информации или за да договорите интервју, контактирајте ги:
Џонатан Ли
Менаџер за застапување и комуникации
Европски центар за правата на Ромите
jonathan.lee@errc.org
+36 30 500 2118
Сенада Сали
Менаџер за правни работи
Европски центар за правата на Ромите
senada.sali@errc.org

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post