Се реконструира фекалната канализација на улицата „Виничка“
Почнаа градежните активности за реконструкција на фекалната канализациона мрежа на улица „Виничка“, во населеното место Шуто Оризари.
-Со овој проект се реконструира канализациската мрежа на потег во должина од 700 метри, со што се надминува проблемот со преоптоварување на канализацијата и излевање на отпадните води по обилни врнежи на дожд – бвелат од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека со изградбата на фекалната канализација на целата траса се поставуваат цевки со поголем профил, а се градат и 21 шахти и 17 сливници за собирање на водите.
Жителите на Шуто Оризари на тој потег со техничкото решение во проектот, добиваат трајно регулирање и растоварување на постојната фекална канализација од дождовни води.