Шабан Салиу предлог Министер без ресор во новата Влада на Мицковски

На прес конференција мандатарот Христијан Мицковски ја објави предлог листата за министри во новата Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на демократските сили на Ромите Шабан Салиу од страна на Христијан Мицковски е предложен за Министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата на Ромите . Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ листата ќе биде доставена во Собранието на РСМ во вторник, додека очекува викендот да се гласа за новата Влада.

Инаку, Шабан Салиу е роден во Скопје, 6 јануари 1961) — македонски политичар, активист на Ромите во Македонија и претседател на Демократски сили на Ромите.  Дипломира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, на Правниот факултет и положува правосуден испит. Од 1990 до 1995 бил Генерален секретар на ПЦЕР, а од 1995 и Претседател на огранокот на ПЦЕР во Гостивар. Салиу е Потпретседател на Сојузот на Ромите на Македонија. Од 2006 до 2008 година е член на македонското собрание како пратеник на Демократските сили на Ромите. Од мај 2008 е назначен за директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Освен со македонскиот и ромскиот, Салиу се служи и со српскиот и англискиот јазик. Женет е и е татко на едно дете.

Демократските сили на Ромите како коалициони партнери  со ВМРО ДПМНЕ  беа во позиција од 2008 до 2016 година, со кои направија инклузивни процеси на ромската заедница во Македонија. Останаа коалициони партнери и после изборите 2016 година со ВМРО ДПМНЕ ви опозиција до изборите на 8 мај 2024 година.

 

 

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post