#Konkursija #NEVIPE #NVO #Roma ki MK

ЈАВЕН ПОВИК БР.03/2025-Проект “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија„

Проект “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија„

Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија – ЗРДИЦМ од Скопје во рамките на проектот ,,Обединети во различноста – Патот до инклузија‘‘ финансиски поддржан од грантовата шема на “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија,IPA III/2022/441-801/5  спроведуван од  АДРР Сонце од Тетово и Ромски Ресурсен Центар, РАЖМ Лулуди и Симплексис  за потребите на проектот ,,Обединети во Различнста-Патот до Инклузија,,  Објавува:

ЈАВЕН ПОВИК БР.03/2025

За работен ангажман на определено време за следната позиција: 1(еден) Експерт за изработка на краток извештај ( Policy Brif) кој ке биде проследен на социјални мрежи  тематика поврзана со  ромската заедница.

  • Позадина на проектот

 

Проектот “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија„ е финансиски поддржан од грантовата шема на “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија

Проектот “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија” има за цел да ја унапреди инклузијата на ромската заедница во Република Северна Македонија, особено во контекст на интеграцијата во Европската Унија. Улогата на ромската заедница е клучна во овој процес, а проектот ќе се фокусира на подигање на свесноста за нивните права и култура преку различни комуникациски платформи.

Фокус:

  • Инклузија на ромската заедница во општеството
  • Поддршка на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија
  • Подигнување на јавната свест за значењето на ромската заедница во контекст на ЕУ интеграциите

Цели:

  • Да се подигне свесноста на јавноста за важноста на инклузијата на ромската заедница во процесот на ЕУ интеграции.
  • Да се промовираат правата и културата на ромската заедница.
  • Да се иницира дијалог помеѓу ромската заедница, НВО и релевантни институции.
  • Да се разработи и дистрибуира “policy brief” со заклучоци и препораки.

1.2 Опис на работни задачи за позицијата Експерт за изработка на краток извештај

  • Детална анализа на актуелните проблеми со кои се соочува ромската заедница;
  • Од експертската дебата и видеокампаниите да се соберат квалитетни податоци и информации
  • На основа на идентификуваните проблеми, ќе се формулираат конкретни и реалистични препораки
  • Креирање на документот во формат кој е лесен за читање и разбирање, со јасни наслови и поднаслови, инфографики и кратки резимеа
  • Документот ќе содржи вовед, анализа на проблемите, предлози за решенија и заклучок
  • “policy brief” треба да обезбедува структурирани информации и предлози до клучните донесувачи на одлуки;

1.3 Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Oдлични аналитички и вештини за пишување
  • Претходно работно искуство во подготовка на анализи и проценки
  • Истражувачко искуство на слична задача во регионот и особено во земјата
  • Да имаат одлично познавање на ромската проблематика и состојба

1.4 Заинтересираните кандидати треба да ги поседуваат следните вештини и квалификации:

  1. Развиени комуникациски и преговарачки вештини на високо ниво;
  2. Способност за работа под притисок;
  3. Добро познавање на Microsoft office;
  4. Oдлични аналитички и вештини за пишување

1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот

Работните задачи ќе се извршуваат во канцелариите на Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија Скопје

Ангажманот на Експерт ќе биде  со 7 дена.

1.6 Насоки за аплицирање

Сите заинтересирани кандидати треба да достават Понуда со предложен пристап/методологија финансиска понуда и кратка биографија која содржи соодветни квалификации и искуство

Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на ЗРДИЦМ

Експертот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од ЗРДИЦМ

Краен рок за пријавување е 5 работни дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 09.06.2025 година до 15:00 часот 

Комплетната документација може да се достави електронски на  следната е-маил адреса: rbic@t-home.mk, association.rbicm@gmail.com

Лино или по пошта на следната адреса:

 ул„ 376, бр.108, 1000 Скопје

Лице за контакт: Весна Димова

Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.

Врз база на проценката на квалитетот и комплетноста на пристигнатите пријави ќе се генерира скратена листа на кандидати. Само кандидати кои ќе бидат на скратената листа ќе бидат контактирани и ќе бидат повикани на интервју.

Скопје, 02.06.2025