Јакимовски: Ќе работам на отворање на нови пазари за земјоделците

Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски вчера беше во посета на тиквешкиот регион. На граѓаните им вети дека како претседател на државата ќе ја зајакне економската дипломатија со цел отворање на нови работни места и нови пазари за пласман на земјоделските производи. „По губењето на традиционалните пазари како рускиот и белорускиот, како иден претседател ќе работам на отворање на нови пазари“, најави Јакимовски.

„Не може претседателот да се држи само и исклучиво за овие што ги има уставни надлежности, а да не не интересира за тоа како живеат земјоделците, како живеат нашите граѓани… да нема воопшто никаква реакција кога ќе се затвори некој пазар како резултат на виша сила, а војната во Украина е виша сила. За изгубените пазари и воведените санкции, за тоа Република Македонија и земјоделците не добиваат никакви компензации“, рече Јакимовски.

Related post