16 мај- Ден на ромскиот отпор

Денес   се одбележува 80 години од Ромското востание во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. На 16 мај 1944 година 6000 затвореници Роми, соочени со истребување во „Циганскиот камп“ во Аушвиц, со голи раце, стапови и камења се побуниле против тешко вооружените чувари на СС во Аушвиц и успеале да го одбијат првиот налет на фашистите. Како резултат на нивниот храбар револт тој ден ниту еден Ром не загинал во гасните комори.

На Денот на ромскиот отпор се сеќаваме на нивната извонредна храброст да се спротивстават на нивните агресори и да се борат за живот, слобода и хуманост.

Нивниот отпор против деструктивната сила служи како инспирација и мотивација за нашата посветеност да се бориме против антициганизмот и да го искорениме расизмот и дискриминацијата врз Ромите, велат од Европската комисија

 

Related post