#NEVIPE #Roma ki MK

КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ЈА ПОТВРДИ СЕГРЕГАЦИЈАТА НА РОМСКИ ДЕЦА ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО КИЧЕВО

Брисел, Скопје, 17 jуни 2026 година. Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) ја поздравува новата одлука на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на Република Северна Македонија, со која е потврдено дека ромските деца биле изложени на етничка сегрегација во ОУ “Санде Штерјоски” во Кичево, Северна Македонија. Комисијата утврди дека сегрегацијата врз основа на етничка припадност постои во ОУ “Санде Штерјоски” и дека таквата практика претставува дискриминација согласно националното антидискриминациско законодавство. Претставката до
Комисијата ја поднесе ЕЦПР.

“Оваа одлука испраќа јасна порака дека сегрегацијата на ромските деца е недвосмислена форма надискриминација која јавните власти се обврзани да ја решат. Препораките мора целосно да се спроведат, за да можат ромските деца во Кичево да одат на училиште и да добијат квалитетнообразование, да учат заедно во инклузивна образовна средина и да имаат поголеми животни шанси во mиднина”, изјави Мустафа Асановски, координатор на ЕЦПР за земјата.

Одлуката ги потврдува стандардите воспоставени од Европскиот суд за човекови права во пресудниот предмет Елмазова и други против Северна Македонија (2022), во кој судот утврдил дека сегрегацијата не мора да биде намерна за да биде незаконита. Властите имаат обврска да спречуваат и отстрануваат
состојби во кои ромските деца се одвоени од своите врсници и им е ускратен рамноправен пристап до
инклузивно, квалитетно образование.

Претставката беше поднесена на 15 септември 2025 година по добивањето на податоци за запишување ученици од ОУ “Санде Штерјоски” преку барање за слободен пристап до информации. Добиените податоци открија длабоко загрижувачки образец на сегрегација помеѓу ромските и неромските деца.
Во учебната 2023/2024 година, 17 од 22 паралелки биле со мнозинство Роми, а 12 паралелки биле посетувани исклучиво од ромски ученици. Во учебната 2024/2025 година, состојбата се влоши: 19 од 22 паралелки биле со мнозинство Роми, а 13 паралелки биле со 100% ромски ученици. Во двете учебни години, ромските ученици сочинувале приближно 85% од вкупниот запис на училиштето.

Врз основа на своите наоди, Комисијата издаде три задолжителни препораки:
1. ОУ “Санде Штерјоски” мора да престане со формирање на сегрегирани паралелки, а директорот на училиштето мора да одбива барања за упис на ученици надвор од реонот
кога тие придонесуваат кон сегрегацијата.
2. Општина Кичево мора доследно да ги применува актите за реонизација и да преземе
активни мерки за постигнување десегрегација.
3. Општина Кичево мора да го зголеми бројот на педагошки асистенти и да организира
заеднички активности и работилници во кои ќе бидат вклучени родителите.

Доколку препораките не се спроведат во рок од шест месеци, Комисијата може да поднесе барање за покренување прекршочна постапка пред надлежен суд.
Во последните години забележана е серија случаи кои ја разоткриваат училишната сегрегација во Северна Македонија. Комисијата утврди сегрегација на ромски деца во училишта во Битола, Штип и Прилеп.

ЕЦПР ќе продолжи да го следи спроведувањето на препораките на Комисијата и да се залага за
рамноправно, инклузивно и квалитетно образование за ромските во земјава.