ШТРАЈКОТ НА 400 ПРИВАТНИ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ОД СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ ЌЕ ТРАЕ СЀ ДОДЕКА ВЛАДАТА ПИСМЕНО НЕ ДАДЕ ГАРАНЦИИ ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ПОКАЧИ ПЛАТАТА
Повеќе од 400 приватни специјализанти од скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ од денеска се во генерален штрајк поради неисполнетите барања, кои ги испратија до министерот за здравство Илир Демири на 27 март. Д-р Христина Илиоска-Чешлароска кажа дека од денеска нема да се појавуваат на работа, нема да дежураат и нема амбулантски да работат сѐ додека […]



































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































