#NEVIPE #Roma ki MK

МВР: Повеќе од 20 дуќани изгореа во пожарот во Шуто Оризари, сите во сопственост на едно лице

Над 20 дуќани со текстилна и друга роба се опожарени во големиот пожар кој рано утринава избувна во трговски центар во Шуто Оризари.

-Денеска (11.09.2026) околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема, информира МВР.

Од Центарот за управување со кризи претходно информираа дека во гаснењето на пожарот учествувале 15 пожарникари со шест противпожарни возила.

Од полицијата посочуваат дека ќе биде извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.