Како да се намали сегрегацијата и дискриминацијата на децата Роми во образовниот процес?
Активација на ранливите групи, Роми, жени на пазарот на трудот
Голем број огласи за вработување, а многумина невработени.
Преку советување и поддршка до вработување на ранливите категории како што се младите лица до 29 години, Ромите, жените, лицата со попреченост и долгорочно невработените лица.
Тоа е предвидено во ИПА проектот Активација на ранливи групи на пазарот на трудот во соработка со Агенцијата за вработување, кој има цел да ја намали невработеноста и зависноста од гарантираната минимална помош.
Вклучување на овие лица во пазарот на трудот е преку советување и обуки.
На брифингот со новинари проектниот кординатор Наташа Здравковска кажа дека важно е лицата да бидат невработени и пријавени како активни баратели на работа во АВРМ.
Потоа се врши селекција на најлесно вработливите лица кои ја користат гарантираната минимална помош и за нив се подготвува индивидуален план за активација, а за активните баратели на работа од ранливите групи се подготвува таканаречениот Индивидуален план за вработување 2.
Во изминатите 3 години, подготвени се повеќе од 4200 индивидуални планови за активација. Проектот започнал кон крајот на 2019 година и ќе трае до март 2024 година.
Проектот се реализира преку СИМ програмата (програма за советување и мотивација) и Програма за поддршка за вработување преку обуки.
СИМ програмата се реализира преку психосоцијална поддршка пред и по вклучување на лицата во мерките за вработување и менторска поддршка додека лицето учествува во мерките за вработување или е вработено преку активна мерка. Секое од лицата остварува по шест средби со менторот.
Програмата за поддршка за вработување преку обуки предвидува совладување на вештини и знаења за занимања кои се бараат на пазарот на трудот, а се прилагодени според возраста на барателот на работа се цел да се подготви да може да го задржи работно место.
Целта на новата пилот програма е овозможи на невработените лица од ранливи категории, кои бараат работа и се со ниски или ирелевантни вештини, да завршат средно стручно образование и да добијат формална диплома издадена од државата.
Проектот ги покрива сите трошоци за нивното школување заклучно со матурирање и стекнување диплома.
Досега за дообразување се пријавиле 140 лица, а од нив 78 се со потпишани договори.