(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона, Борусија со два блиц-крига го уништи Атлетико

ПСЖ и Борусија Дортмунд ја формираа првата полуфинална двојка во Лигата на шампионите. Во реваншите ПСЖ победи во Барселона со 4:1 и со вкупни 6:4 го мина четвртфиналето, додека Борусија го победи Атлетико Мадрид и со вкупни 5:4 влезе меѓу најдобрите четири екипи во ЛШ.

На „Монжуик“ во Барселона, реваншот идеално започна за домаќините. Рафиња во 12.минута и донесе предност на Барса. Ова беше трет гол за Рафиња во двомечот со ПСЖ.

Проблемите за Барселоан започнаа во 30.минута кога Араухо како последен човке во одбраната го фаулираше Баркола, поради што доби црвен картон.

Со играч повеќе до крајот ПСЖ доминираше.

Изедначи Дембеле во 40.минута, Витиња му донесе водство на ПСЖ во 54., а две минути подоцна исклучен беше тренерот на Барселона Чави.

До крајот Мбапе ја запечати победата на ПСЖ со головите во 61. и 89.минута.

Во Дортмунд, Бирусија и Атлетико одиграа уште еден извореден меч. Борусија со два блиц-крига славеше со 4:2.

Определбата на Диего Симеоне да ја чува предноста од првиот меч, му се удри од глава во само пет минути. Бранд постигна гол во 34.минута по лошата реакција на облак, а пет минути подоцна Надсен ја зголеми предноста.

Атлетико се врати во мечот со авто-голот на Хумелс во 49.минута, а „Вестфален“ го шокираше Кореа во 64.минута.

„Јорганџиите“ не го искористија моментумот, се обидоа да го спуштат темпото, а тоа го казнија Филкруг во 71. и Сабицер во 74.минута. Во двете ситуации се потврди она што го знае и тренерот на Атлетико, дека му е потребен целосен ремонт во одбраната.

Од овој мантпревар долго ќе се вртат промашувањата на Мората во четвртата и Кореа во 60.минута. Двајцата беа сами пред Кобел и двајцата шутираа крај голот.

Related post