ВИДЕО | СДСМ за апсењето на Салиу: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО, новинарот е уапсен откако објави афера

ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен брутален начин со апсење на новинарот Салиу, истакна денеска на прес-конференција од СДСМ.

„Го осудуваме овој недемократски чин и бараме негово ослободување. На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ. На чело на СВР Скопје и ЕБР се ново поставени началници од страна на Тошковски, значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на Салиу.
Ова е загрозување на слободата и демократијата, на слободата на говорот, директен притисок врз независните новинари врз они кои истражуваат и работаат за јавниот интерес. За 7 години на власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, туку Владата на СДСМ донесе законски решенија со кои се гарантираат заштитата на новинарите , а ДПМНЕ за само два месеци покажа како мисли да ја практикува власта ако ја добие со сила“, рече Дарко Каевски од СДСМ.

Related post