Еден од најважните делови на „Instagram“ се менува „за 180 степени“

„Instagram“ го менува својот алгоритам што влијае на „Reels“ да им даде приоритет на „оригиналната содржина“, објави блогот на социјалната мрежа.

Како прво, тоа ќе има најмногу последици за „агрегаторските сметки“, односно оние кои првенствено објавуваат клипови на други корисници. Исто така, сметките со помалку следбеници, но кои објавуваат свои видеа, би требало да имаат подобра видливост на овој начин.

Во блог пост, компанијата навела дека се обидува да го „коригира“ начинот на рангирање на сметките, бидејќи, како што велат, „историски гледано, креаторите со голем број реобјавувања и следбеници допреле повеќе корисници отколку малите, кои создаваат оригинални содржина.”

Не е јасно какви промени ќе направи „Instagram“ за да го „израмни“ ова, но нагласија дека алгоритмот повеќе нема да дава приоритет на сметките со поголем број следбеници.

Промената на рангирањето на содржината треба да стапи на сила во наредните месеци, додека промената на „оригиналната содржина“ најверојатно ќе пристигне многу порано.

„Instagram“ вели дека активно ќе ги става „оригиналните“ клипови во предлозите наместо повторно објавените видеа кога ќе забележи дека содржината е идентична со барањето.

Исто така, кога некој повторно објавува туѓа содржина, ќе има ознака кој е оригиналниот креатор. Ова нема да важи за мемиња или друга „значително изменета“ содржина, вели „Instagram“.

Related post