Заев бара поддршка од партиските членови: Разговарајте со граѓаните и уважете сечиј став
ретседателот на СДСМ, Зоран Заев, со СМС порака до партиските членови, ги повикува да разговараат со граѓаните, да уважат сечиј став и да повикаат на обединување.
-Другари и другарки СДСМ е во акција! Разговарајте со граѓаните и уважете сечиј став. Барам секој од вас да повика на обединување за да продолжиме напред. Ваш Зоран Заев, стои во СМС пораката што им пристигна на членовите на партијата.
-Добивме жолт картон од граѓаните, а дали ќе стане црвен зависи од тоа колку ќе го послушаме нивниот глас.
Вака Заев вчера го оцени изборниот резултат од првиот круг. Смета дека граѓаните упатиле јасна критика, опомена и казна, а тие тој глас го слушаат и веднаш ќе почнат да работат.
-Не сме сјајни, имаме слабости, но сме подобри од нашите противници,рече Заев, посочувајќи дека за цело ова време додека се на власт прават промени, и на директорски места и во Владата, и во партијата.
-Пораката е примена. Слушнат е гласот, за нас тоа е казна, тоа е жолт картон и за нас и за нашето членство, да бидеме подобри во следниот период, кажа Заев на вчерашната прес-конференција.