Заев вели дека оние кои не сакале да се попишат треба да бидат казнети

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека граѓаните кои одбиваат да се попишат, треба да бидат казнети.

За тоа зошто не побарале да се продолжи рокот на регистрирање и што ќе биде се тие луѓе што не се попишани, Заев, наведе дека сите знаат како тече процесот на попишување, сите знаат дека внатре најголемиот број од податоците ги имаат од базите.

Заклучно со 29 септември во државата се попишани повеќе од  1.8 милиони граѓани. Процесот на попишување кој почна на 5 септември и завршува вечерва во 20:00 часот.

 

„Ова беше навистина сложена и тешка операција, која првпат се случува после 20 години и со нова методологија на Евростат и не на хартија, туку со компјутери и таблети“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика.

Само албанската опозиција Алијанса за Албанците – Алтернатива бара продолжување на рокот за попис на населението.

Related post