Заев со понуда до ВМРО-ДПМНЕ: Ајде заедно да направиме Влада!

Премиерот Заев, во интервјуто за „Слободен печат“ ѝ понуди на најголемата македонска опозициска партија заедно да формираат Влада.

Заев порача дека СДСМ се отворени за заедничка власт на владата и опозицијата, но нагласи дека со актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, тоа не е возможно.

„Нудиме соработка од секој можен аспект. Сѐ што можеме да направиме, да направиме. Дефинитивно мора да имате човек од другата страна да разговарата. Јас овде ќе кажам дел од новата политика, мислам дека имам толку почит во СДСМ, да го поминам тоа е да отворам дебата за заедничка власт и влада со опозицијата “, изјави Заев и додаде дека за тоа треба да има „човек со кој ќе разговара, а со Мицкоски не се разговара“.„Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот“, порача Заев.Првиот човек на македонската Влада порача дека целта би била департизација на администрацијата и сузбивање на клиентелизмот во судството, а како пример ги посочи германските партии ЦДУ и СПД кои веќе 15 години се на власт.„Се обидов на секој начин, кажав дека со Груевски можев да најдам решение, но со Мицковски не можам. Не знам што друго да направам! Еве сега го отворам и ова, иако имам мандат до 2024, но и во вакави околкности отворам можност да дебатираме. Кога сакаат тогаш, од утре, после локалните, кога се спремни сите – тогаш“, порача Заев.

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post