Мега-скандал во Грција: Својот репрезентативец го нарекоа – мајмун!

Голем скандал ја стресе Грција, откако сега веќе поранешниот интеркултурен инструктор во Советот за Европа и координатор за образование за бегалци на грчкиот министер за образование, Константинос Калемис, јавно го навреди на расна основа кошаркарскиот репрезентативец на оваа земја, Јанис Адетокумбо

Калемис го нарече грчкиот кошаркар, кој има корени од Нигерија, – мајмун,

Што рековме дека тој мајмун прави точно? О да, тој игра кошарка. Индиферентен, дури и ирелевантен. Тој треба да знае кој ја почести Грција со овој спорт. Благодарност. Тој не е човек, тој е шу*ак, е*ен црнец“, беа ужасните коментари на Калемис за преземениот текст на „Прото тема“ од „Бличер репорт“ со наслов „Моќна приказна за потеклото на Јанис Адетокумбо.

Веднаш штом јавноста со право го нападна Калемис, тој го избриша својот личен профил на Твитер. Сепак, срамот веќе пукна, па надлежното министерство реагираше брзо.

Калемис веднаш беше отстранет од позицијата координатор за образование во Центарот за сместување на бегалци во Малакаси, каде што е вработен од 2017 година. Ние недвосмислено го осудуваме ваквото расистичко и многу навредливо однесување, напиша министерот за образование и религија во грчката влада, Ники Карамеус.

 

Извор: sport1

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post