Награда „Најпријателски Ромски градоначалник “, 2024 година
Ова е четврто издание на конкурсот„Најпријателски Ромски градоначалник “ во
Западен Балкан и Турција. Конкурсот им оддава признание на оние локални власти кои веруваат во своите граѓани и ги третираат еднакво.
Наградата има за цел да ги промени
ставовите кон инклузијата на Ромите и да ги поздрави локалните власти кои им даваат моќ на ромските заедници и ги слушаат нивните потреби.
Победниците ќе бидат избрани преку конкурс отворен за општини кои сакаат да аплицираат за наградата „Најпријателски Ромски градоначалник“. Натпреварот се
спроведува истовремено во Западен Балкан и Турција, а за секоја земја ќе има по еден победник.
Наградените градоначалници од Албанија, Србија, Косово, Република Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Турција ќе учествуваат на специјален настан од
9 до 11 април 2024 година, во рамките на Неделата на Ромите, организирана во Брисел, каде што ќе се сретнат со високиот претставник од ДГ НЕАР.
На доделувањето ќе се истакнат позитивните примери за инклузија на Ромите, истакнувајќи ја филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог меѓу локалните
власти и ромските заедници, каде што општините и ромската заедница можат да се здружат и да се вклучат во дијалог на еднакво ниво.
Конкурсот за оваа награда ќе биде отворен од 8 февруари до 29 февруари 2024 година. Во секоја земја ќе биде формирано независно жири кое врз основа на дадениот прашалник ќе го
избере победникот на конкурсот „Најпријателски Ромски градоначалник “.
This project is funded by
The European Union
Документи за апликација:
• Пополнет формуларот за апликација
• Артикли /вести/извештаи/документи/протоколи кои ги поддржуваат вашите одговори во
формуларот за апликација
• Повратни информации / Проценка на Ромската заедница во однос на општината
•Слики
Формуларот може да се испрати на Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација
(РРОМА) – Тошо Куковски бб 1360 Кратово, Северна Македонија, или да се испрати преку е-
пошта на: info@rromassn.org , до 29 февруари 2024 година, локално време 23:59 часот.
Оваа активност се спроведува во рамки на “Romani Women POWER OF CHANGE in the Western Balkans and
Turkey”, финансиран од Европската Унија, Europe Aid / 162473/DH/ACT/Multi, проект број CN 2019/413-758.