Како да се намали сегрегацијата и дискриминацијата на децата Роми во образовниот процес?
Онлајн тренинг на тема “Презентациски и комуникациски вештини” Во рамките на Проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“
Проектот е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка.
Нови решенија за старите проблеми“ (НСОП), финансиран од грантовите на ЕЕА и Норвешка, има за цел поддршка на ромските заедници во прилагодување и спроведување на проекти за вклучување и зајакнување, кои веќе биле успешно испробани и тестирани од други партнери. Одобрен е нов проект на нашата мрежа за финансирање преку ЕЕА и Норвешките грантови за регионална соработка: Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите се фокусира на приоритетните сектори социјална инклузија, вработување на млади и намалување на сиромаштијата. Проектот ги обединува членовите на мрежата ЕРГО од земјите-кориснички на ЕЕА / Норвешка грантови, вкупно 11 партнери или една третина од сите членки на ЕРГО! Додека проектот ќе го води Нево Парудимос од Романија, други партнери доаѓаат од Литванија, Унгарија, Бугарија, Албанија, Словачка, Босна и Херцеговина, Турција, Украина и Чешка. Секретаријатот на мрежата ЕРГО ќе ја поддржи целокупната координација и управување со проектот и ќе ги води нејзините активности за застапување во ЕУ.
„Нови решенија за старите проблеми“ (НСОП) има за цел поддршка на ромските заедници во прилагодување и спроведување на проекти за вклучување и зајакнување, кои веќе биле успешно испробани и тестирани од други партнери, да создадеме поповолно опкружување за приодите одозгора нагоре кон интеграцијата на Ромите, кршејќи го магичниот круг на цинизам дека „ништо не може да се промени“.
Проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка. Грантовите за ЕЕА и Норвешка се финансирани од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. Грантовите имаат две цели – да придонесат за порамноправна Европа, социјално и економски – и да ги зајакнат односите помеѓу Исланд, Лихтенштајн и Норвешка и 15-те земји-кориснички во Европа.
Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација Од 24 -26 ноември 2020 одржа онлајн тренинг на тема “Презентациски и комуникациски вештини” Во рамките на Проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка.
На работилницата учествуваа околу 30 учесници од сите 11 партенер организации од Романија, Северна Македонија, Литванија, Унгарија, Бугарија, Албанија, Словачка, Босна и Херцеговина, Турција, Украина и Чешка.
Првиот ден од работилницата на 24 ноември фокусот беше ставен на презентациски вештини добивме многу нови совети и трикови за тоа како најдобро да ја промовираме нашата работа за вклучување на Ромите и борба против антициганизам. Со нашиот експерт Димитриј Михајловски.
На 25 ноември беше предвиден ден за Обука за презентациски и комунакциски вештини.
Со помош на новинарот (нашиот експерт) Сунаи Сабриоски, учесниците има шанса да ги подобрат своите комуникациски вештини – враќање на основите и разбирање на клучните елементи, разбирање на важноста од одржување на ефективен напис / говор / вежбање.
Додека третиот ден на 26.11.2020 се одржа средба помеѓу партнер организациите на која се разменуваа мислење на кој начин да ги искористат претходно стекнатите комунакициските и презентациските вештини, како и за идните планови кои ги има предвидено секоја партнер организација за реализирање на проектот.
The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation.